Исклучените пратеници од ВМРО не го враќаат мандатот

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени немаат намера да го вратат мандатот, како што бара матичната партија, пишува „Независен“.

Меѓу нив траат последните консултации по што е најавено официјално формирање нова пратеничка група, која самостојно ќе дејствува во Собранието. Засега нивната група ќе брои осум пратеници, но се остава простор за проширување со евентуално нови пратеници од актуелната опозиција.

Според информациите што ги добивме од исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, на нив ќе им се придружи и Слободанка Авировиќ од Социјалистичката партија која, исто така, одлучи да гласа „за“ договорот со Грција со што ја „предаде“ коалицијата „За подобра Македонија“.

Независен

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани