Искршена фискална каса во кафеана во Мислешево

37 годишен стружанец ја искршил фискалната и чашите.

На 13 јануари оваа година, во 16 часот, во угостителски објект во струшкото село Мислешево, од страна на А.Ф. ( 37 ) Струга, нарушен е јавниот ред и мир. Тој, ја скршил фискалната каса а потоа чашите и другите предмети што биле поставени на шанкот. Притоа, со телесни повреди се здобил Т.Л. ( 51 ) од Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против А.Ф. ќе поднесе соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани