Италијанскиот амбасадор во посета на општина Охрид

Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, денес беше во протоколарна посета на Општина Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков и италијанскиот дипломат, разменија мислења за повеќе прашања кои ги допираат двете земји. Силвестри, посебно беше заинтересиран за проектите кои се однесуваат на заштитата на Охридското Езеро и подготвеноста на Италија да ги помогне истите, како и за соработка на културно поле.

Амбасадорот Силвестри не ја криеше својата воодушевеност, кога градоначалникот Пецаков го информира за проектот на локалната самоуправа – “Италијански јазик во основното образование“, што ќе се имплемантира од следната година во основните училишта “Св.Климент Охридкси“ и “Христо Узунов“.

Градоначалникот Пецаков, беше поканет на манифестацијата “Вечер на Италија“, што ќе се одржи на 29 јули во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани