Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска – 25 октомври 2018 година, четврток, ќе се обрати на свеченото отворање на Првата национална конференција за византологија и медиевистика, што ќе се одржи во Охрид.
Националната конференција насловена како „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“ е во организација на Комитетот за византологија и медиевистика на Република Македонија.
Првата национална конференција за византологија и медиевистика се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Покануваме новинарски екипи во Конгресниот центар на УКИМ – Охрид, во 11:00 часот.
