„Стрип бран – стрип насекаде“ во Струга

Вечерва во Струга се отвора изложбата „Стрип бран – стрип насекаде“.

Во галеријата „Вангел Коџома“ вечер ќе биде отворена стрип изложба „Стрип бран – стрип насекаде“, на која ќе бидат претставени наградени стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес и дела од повеќегодишниот опус на македонски автори.На настанот ќе бидат промовирани изданијата на Стрип центарот на Македонија, односно стрип книги и списанијата „Креатор“ и „Стрип алманах“.Како што најавија организаторите, музејот „Доктор Никола Незлобински“ и центарот за кутлруа „Браќа Миладиновци“, ќе бидат претставени стрипови на македонски и албански јазик.
Целта на настанот е развој на стрип културата во Република Македонија.Проектот е финансиран преку програмата „Нов културен бран“ на Министерството за култура на република Македонија

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани