Иванов: За пет години ќе исчезнат пет милиони работни места

Според Глобалниот економски форум во следните 5 години во 15 те најразвиени земји во светот ќе исчезнат пет милиони работни места.

47% од денешните занимања ќе исчезнат, а 65% од денешните основци во светот ќе работат професии кои денес не постојат., а ќе бидат креирани.
Четвртата индустриска револуција дигиталната трансформација на општеството и промените кои следуваат беше главна тема на која зборуваше претседателот Иванов на отворањето на 10 тата Школа за млади лидери во Струга.

– „Се вели дека до 2025 година 10% од населението на планетава ќе носи облека која ќе биде поврзана со интернет. Замислете нашата облека ќе биде интерактивна ќе комуницира со интернет. 90% од населението на планетава ќе има простап до интернет. Веќе за 5 години се планира да биде создаден имплант во човековото тело десет насто од населението ќе користи паметни очила со кои ќе комуницира на интернет. Нема да бидат потребни тастатури со зеници ке се контролираат процесите преку паметните наочари“, истакна претседателот Иванов.

И новата генерација лидери следните денови преку предавања , обуки и практични вежби ќе се усовршуваат во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции.

-„Не е целта да создадете луѓе кои ќе се натпреваруваат туку луѓе кои соработуваат. Да ги научите лугето како да меморираат и да користат податоци информации и пристап до базите на податоци“, додаде Иванов.
Улогата на лидерот е да се псовети на иднината а не да биде роб на денешницата, порача

Претседателот на глобална организација за професионални услуги и едукација 80 годишниот Талал Абу-Газалех.

-„Прво и основно е љубовта , тоа е најмоќното чувство. Сакајте ја вашата земја, сакајте го претседателот, сакајте ги колегите… Втор фактор за успехот е среќата. Вие одлучувате дали ќе бидете среќни или не. Јас сум имал безброј лоши искуства сум немал ни облека но одлучив да бидам среќен и еве ме денес“, порача на студентите Талал Абу-Газалех.
На годинешната школа учествуваат дваесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европа и светот кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.

Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис ангели, а по тој повод лани на претседателот Иванов му беше врачена наградата за Најдобар светски лидер кој инвестира во новата генерација.
Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани