ИВЗ не прифаќа компромис, минарето на Алипашината џамија се гради

Иако премерот Заев после средбата со претставниците на „Совест“ најави стопирање на градежните работи на Алипашината џамија, оградување на просторот со жолта лента, до денес  ништо од тоа не се случи.

 

Минарето продолжи да се гради и станува се повисоко. ИВЗ јавно кажа дека градежните работи нема да запрат!

Градежните работи се во тек и нема да престанат, а компромис за стопирање на изградбата нема!, најавија од ИВЗ.

Иако Обвинителството отвори предмет и донесе решение за забрана за изведување градежни работи тоа не се почитува. 

Во предметот на Обвинителството опфатени се 8 лица, некои се физички, а други правни субјекти. Меѓу нив се нарачателите и изведувачите на градбата.

Инаку Алипашината џамија се доградува без дозвола за градба. 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани