Во Струга епидемија од морбили, заразени и здравствени работници

Oд почетокот на епидемијата 67 здравствени работници заразени со морбили.

 

Најмногу  во Скопје дури 50 случаи , по 6 има во Куманово и Тетово, 2 во Кочани, и по еден во Гостивар, Кичево и Струга.

Од Институтот за јавно здравје велат дека не станува збор само за лекари, туку и за сестри и друг медицински персонал. Иако повеќето биле вакцинирани, сепак се заразиле поради директниот контакт со заболени од мали сипаници.

Поради зголемениот број на случаи и во Струга е прогласена епидемија на морбили. Во овој град за неполн месец има 24 заболени лица.

Претходно освен во Скопје епидемија беше прогласена и во Куманово, Тетово и Гевгелија. Досега во земјава официјално во ИЈЗ пријавени се над 660 случаи со мали сипаници, а три  лица починаа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани