Излетал моторциклист на патот Струга-Дебар.
-На 19.05.2024 во 21.20 часот во ОВР Струга, пријавено е дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга, мотоцикл „кавасаки“ со струшки регистарски ознаки, управуван од В.М.(26) од Струга, излетал од патот. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.