Крадец фатен при кражба во продавница во Охрид

Крадец фатен при кражба во продавница во Охрид.

-На 19.05.2024 во 23.20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Т.(36) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на истата улица, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.  Лицето е здржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани