Изложба „100 години Требеништa”

Златните маски од Требеништа ќе бидат дел од големата изложба во Скопје.

Следниот месец во Археолошкиот музеј ќе биде отворена најзначајната изложба на македонската, балканската и европска археологија „100 години Требениште”. По повод еден век од истражувањата на овој локалитет кај охрид ќе бидат претставени златните маски од 6 век п.н.е. И други предмети најдени во некрополата кај охридско. Изложбата „100 години требениште“ е заеднички проект на Археолошкиот музеј на Македонија, Народен музеј од Белград, националниот Археолошки институт и музеј од Софија и завод и музеј Охрид. Трите матични археолошки музејски институции од Македонија, Србија и Бугарија со овој проект ја одбележат стогодишнината од откривањето на локалитетот Требениште кај Охрид. „Тоа се наодите откриени при археолошките истражувања на бугарски, српски и македонски археолози.На изложбата, која ќе трае до август, првпат на едно место ќе бидат изложени скапоцените предмети од охридските некрополи од Требениште и Горна порта, кои денес се во сопственост на Македонија, Бугарија и на Србија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани