Израелците летуваат на струшкото крајбрежје

По двегодишна пауза на брегот на Охридското езеро се вратија туристите од Израел.

Обновена е  авио конекцијата Тел Авив – Охрид. Почнувајки од 8 ми јули до крајот на август ќе се реализираат по  три  чартер летови неделно. Сместени се на струшкото крајбрежје, но ги посетуваат Скопје, Битола, Охрид и манастирот Свети Наум.

Израелците се познати по засилените мерки на обезбедување кои овие гости ги бараат, но земјава за нив е интересна туристичка дестинација.

-„Повторно ќе имаме дестинации од кои што до 2019 имавме раст на туристи. Очекуваме 2022 ра да имаме 2,5 -2,6 милиони ноќевања. Дај боже да ја надминеме и таа бројка и да имаме 4 ка напред на девизниот прилив тогаш сме успеале многу повеќе“, вели Љупчо Јаневски директор на АППТ.

Израелците важат за  пребирливи туристи, но и вљубеници во земјава Зантересирани се за културно-историските знаменитости, црквите, историјата и природните убавини.

– „Очекуваме од 20 до 30 чартери  токму во оваа сезона, но се надевам дека ќе бидат повеќе. Но и колку да бидат тоа е добар сигнал дека се повеќе и повеќе се фокусираат на оваа дестнација. Ќе имаме и дополнителни кружни тури со израелски туристи кои што ќе остануваат во нашата дестинација два до три денови“, додава Јаневски.

Овој туристички коридор со Израел беше возобновен во 2015 година, но прекинат во пандемијата. Пред пандемијата, во текот на сезоната околу 5000  израелци летуваа на брегот на Охридското Езеро, годинава  се очекува да има  околу 3000 туристи од Израел.  

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани