ТЕЛМА: Како моќници со обвинителска спогодба се преселија во Струга зад решетки

ТЕЛМА ТВ: Како моќници со обвинителска спогодба се преселија во Струга зад решетки.

Теферич е турски збор за панорамски поглед или за излет во природа, име на скопска населба, но и локација на струшкиот затвор.

На три километри од центарот на Струга и со поглед кон езерото од растојание помало од километар, овој затвор, скромна зграда со парк во дворот, ќе биде засолниште на многу криминалци со бели јаки кои успеаја да добијат затворски казни под три години и со охридски лични карти да се преселат од главниот град на брегот на Охридско.

Ги користеле погодностите на законот за извршување на санкции за да ги лежат казните во единствениот затвор од отворен тип, а доколку биле во Скопје ќе лежеа во Шутка. Но откако петмина го направија истото, Зоран Милески Кичеец, Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, Сашо Мијалков и Тодор Мирчески- стана јасно дека не е погодност туку дека е дупка во законот.

Во моментот се вршат дебати за законот за извршување на санкции и откако почна преселбата на моќните на југ, стигнало предлог по домашна адреса да се издршуваат затворски казни до 6 месеци за да се спречи струшкиот затворски туризам.

Во сегашниот закон, казните до 3 години затвор се издржуваат во затворска институција во област кадеживее затвореникот.

Целиот текст на Телма

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани