Вечерва од 20 часот, во куќата на „Уранија“, ќе биде промовирана книгата стихозбирки „Извештаи на рисот“ од авторите Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски.
Стихозбирката „Извештаи на рисот“ е проект од 44 страни составен од песни на поетот Славе Ѓорѓо Димоски и цртежи на сликарот Сергеј Андреевски. Книгата содржи дваесетина песни од Димоски и исто толку цртежи од Андреевски.Промоцијата е во склоп на научната уметничка визита 2017 на МАНУ, во соработка со манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Иван Џепаровски.