Васил Јанкула, момчето херој од Ресен што боледува од церебрална парализа, вчера попладне на својот трицикл пристигна во Охрид, како попатна станица на неговата кружна тура низ Македонија.
Пред собраните граѓани кои со аплауз го поздравија неговиот подвиг, истакна дека намера му е да ги мотивира сите луѓе да спортуваат и да негуваат здрави животни навики.
– „Сакам да ги мотивирам сите лица да спортуваат. Оние кои имаат некој хендикеп нека го искористат во позитивна смисла. Без оглед на временските услови јас не се откажав. Сакав да докажам дека „Сите сме исти“ и дека не треба да се гледа на лицата со хендикеп со други очи“, изјави Јанкула.
Седум дена спроведе една необична велисоедпска тура.
Јанкула пред точно една недела тргна од Ресен и преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга пристигна во Охрид.
Своето патување го завршува денес во родниот Ресен, преку преку планината Галичица.