Во кардиолошки се одбележа Светскиот ден на хипертензија

Заводот за кардиоваскуарни заболувања го одбележа Светскиот ден на хипертензија.

 

-„17ти мaј е Светски ден на хипертензијата востановен од пред 15 години и неговото одбележување има за цел да ја подигне свеста за важноста на оваа медицинска состојба која многу често останува неоткриена и нетретирана. Годинава целиот месец Мај е во знакот МММ(May Measurement Month). Toa e глобална камапања која ја предводи ISH( Интернационалното здружение за хипертензија) а на која и се приклучуваме и ние , како установа која е предводник во активностите посветени на превенција и третман на кардиоваскуларни болести во земјава. Годинашниот Светски ден на хипертензијата го одбележуваме заедно со нашиот долгогодишен соработник и партнер во спроведување на различни превентивни кампањи, компанијата Алкалоид. Во просториите на Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања е поставен штанд каде со пациентите разговараме за хипертензијата, важноста од рано откривање и адекватен третман . Знаењето за оваа болест им го збогатуваме со наменски едукативен материјал кој го добиваат. Хипертензијата е во нашиот фокус секојдневно 365 дена во годината. Овој е повод да упатиме апел широката јавност да не заборава на Покачениот крвен притисок и да не го игнорира исто така“, информираат од кардиолошкиот завод. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани