ВМРО ДПМНЕ се подготвува за Конвенцијата за избор на кандидат за претседател што ќе се одржи на 16 февруари во Струга. Јавниот повик е објавен веќе десетина денови, до сега е пријавен еден кандидат за претседател од опозицијата.
Огласот е отворен до крајот на месец јануари. Сите заинтересирани кандидати кои сакаат може да аплицираат на конкурсот, доколку ги исполнуваат условите пропишани со закон, повика генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев при денешната посета на Струга.

– „Не би сакал да шпекулирам со имиња да почекаме да помине 31 јануари во следните неколку денови ќе ги провериме кандидатурите, односно дали пријавениете кандидати ги исполнуваат законски прредвидените услови, по што ќе ги објавиме имињата на кандидатите, а на 16 февруари токму овде во Струга ќе се одржи конвенцијата на која 550 кандидати ќе го дадат гласот за својот фаворит“ , појаснува Јанушев.
Според Јанушев за насилната промена на името на државата и незаконското воведување на Законот за јазиците Дпмне ќе го тужи претседателот на собранието Џафери.
– „ВМРО ДПМНЕ црвсто останува на своите ставови промената на името и идентитетот ние не го признаваме, не го поддржуваме и никогаш нема да го прифатиме. Од друга страна ке ги преземеме сите правни механизми во однос на Законот за јазиците и како веќе најавивме ќе поднесеме кривични пријави за Талат Џафери и директорот на Службен весник. Меѓутоа ќе поднесеме и иницијатива до Уставен суд за преиспитување на уставноста на истито закон“, рече Јанушев.
Јанушев го повтори барањето за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори во април.
Рече Заев не ја послуша волјата на народот на референдумот, затоа време е да замине во политичка пензија.
Новинар Соња Рилковска
