Јавна дискусија „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција“

Во Охрид ќе се одржи јавна дискусија како дел од проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“ – финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија (National Endowment for Democracy) од Соединетите Американски Држави.

Настанот ќе се одржи во Општина Охрид на 18.05.2022 год. од 12:00 часот.

Главната цел на проектот е да придонесе кон подобрување на јавното мислење и разбирање во однос на транспарентноста и отчетноста на полициската организација, преку зголемен степен на надзор и дијалог со цел подобрено носење и спроведување на политики кои ја засегаат јавната безбедност.

На јавната дискусија ќе бидат презентирани клучни наоди од проектот за институционалните предизвици за имплементирање на одржливи политики насочени кон подобрување на полицискиот интегритет, вклучително и студии кои обезбедуваат практични препораки и патоказ кон потранспарентно, отчетно и инклузивно работење.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани