Реакција на родители, ОУ „Григор Прличев“ се оградува од организирање полуматурска прослава

ОУ „Григор прличев“ се оградува од организирање на полуматурска прослава.

Родителите преку допис во медиумите се жалат:

„Како родители на ученици во 9 одделение во ОУ Григор Прличев Охрид не се сеќаваме некогаш училиштето да се оградило од организирање на полуматурска прослава за учениците ! Ете и тоа го дочекавме ! После две години пандемија кога децата не можеа ни на училиште да додат, сега училиштето се оградува. Му порачала директорката на училиштето Лилјана на советот на родители : Ние како школо се оградуваме од организирање на полуматурска прослава, организирајте си се сами како родители и да си одите да си ги чувате децата, а класните раководители да ги поканите само како гости ! Која дрскост, која непромисленост, која арогантност… па за што вие работите госпоѓо ? За да бидете на таа позиција на која што сте треба пред се да си ја сакате својата работа и децата ! А не ради реда да работите и ради реда да седите на столот ! Тоа школо кое ниту со Вас почна ниту со Вас ќе заврши има традиција во организирање на БЕЗБЕДНИ полуматурски прослави ! Жално е како училиште во кое учениците Ви носат безброј награди и го промовираат училиштето, Вие од истите да се оградите.

Ќе им организираме ние на децата дома… да не се грижите за тоа ! Ама тие сакаат школото да им организира една заедничка прослава и да им ја посвети вечерта, да се почуствуваат како деца од тоа школо, а не да ги викате само тогаш кога има потреба да го китат школото. Финансискиот товар е секако на родителите. Ама кај Ви е чувтвото на припадност кон децата и кон училиштето ?!Со надеж дека ќе ја преиспитате Вашата одлука, стои во дописот на група родители. 

Директорката на училиштето Лилјана Ефтимовска вели дека се уште работат по протоколите и немаат писмено одобрување за организирање на полуматурски прослави. 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани