Охриѓанецот Александар Петрески ја издаде новата авторска песна – „JUDY“.
„Со задоволство Ви ја претставувам мојата нова авторска песна Judy!
Видеото, во едно преубаво јулско приквечерие на местото кое јас го нарекувам Филип втори (измеѓу Канео и Лабино во Охрид), во една преубава дружба го снимивме заедно со видео и аудио продуцентот Даниел Јовески. Никогаш не сум се осетил посигурно пред камера и искрено ја уживав секоја секунда, знаејќи каков мајстор стои зад камерата! Сонцето полека го напушти хоризонтот, а ние полни со позитивна енергија го запревме времето и запишавме историја подарувајќи Ви го ова видео“, пишува авторот Петрески.
Музика, текст, аранжман и микс – Александар Петрески
Мастеринг – Daniel Joveski Sustain Production
Видео – Даниел Јовески.