Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерите Османи и Анѓушев вчера на трибина со младите во Струга.
Целта на трибината беше да се мотивираат младите да творат во Р Македонија.
.jpg)
-„Вредно е да застанеме заедно, да ги мотивираме младите луѓе да работат во Македонија и да бидат движечка сила. Владата има фокус да ги менува затекнатите состојби.Сите реформи што ги правиме значат нов квалитет на живот за младите луѓе.“, рече Заев.
„Каде е правдата? Ова е прашање за премиерот Заев. Ние зборуваме за влез во ЕУ и НАТО, но никаде ја нема правдата. Криминалците слободно се шетаат и плаќаат со наши пари за да излезат од затвор, тие се слбодни повеќе од нас“, праша еден студент.
-„Ако некој е криминалец, треба да одговора. Сите знаеме дека од минатото дека имало неправедно осудени луѓе кои биле во затвори. Делот на реформи кои ги правиме во правосудството е токму тоа. Целата е, да секој кој ќе згреши, да биде фатен, да се докажи постапката и да сносни одговорност“, одговори премиерот Заев.
.jpg)
Следуваа неколку прашања за неформалното образование и зголемувањето на буџетот на останатите факултети во Македонија.
.jpg)
„Претходната влада правеше голема дискриминација во врска со образованието, Скопје и Штип беа фаворити. Тетово, Битола беа зборавени. Дали вашата влада ќе помогне да се зголеми буџетот бидејќи Македонија не е само Скопје и Штип“, праша друг студент.
„Точно е, многу често немаше рамномерна распределба на буџетските средста кои што се однесуваат рамноправно во Македонија на сите факутети и универзитети во државата. И од тој аспект при создавањето на буџетите за високо образование и поддршка на универзитетите во Македонија тргнуваме по еден систем кој што се однесува по глава на студенти. Ако во факултетот се запишат повеќе студенти, тој ќе добие повеќе пари“, одговори Заев.
