Со вечера во еден ресторан на брегот на Охридското езеро, сноќа заврши дијалогот „Жан Моне“ во Охрид.
Претставниците на парламентарните партии во македонското Собрание на првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ одржана во Охрид постигнаа согласност за промоција и придвижување на интегративниот процес кон ЕУ, истовремено согласувајќи се за спроведување институционални реформи, меѓу кои и оние што се однесуваат на Собранието како институција од која граѓаните очекуваат да испорача резултати на евроинтегративниот пат.
.jpg)
Во заклучоците усвоени од разговорите уште се наведува нивната подготвеност кон негување на духот на дијалог и компромис, како и зајакнување на легислативните и надзорните капацитети на Собранието, како аспекти од клучна важност за членството на земјата во ЕУ.
„Реално сме убедени дека нашиот дијалог нуди вистинска можност да се стави Собранието не само во центарот на градење консензус во врска со законодавството за поддршка на реформската агенда на ЕУ, но и да ја предводи истата, употребувајќи ја сета своја демократска легитимност, проверка и легислативна надлежност. Со цел да се задржи реформскиот моментум, се согласивме да воспоставиме механизам за имплементација кој би обезбедил постигнатиот политички консензус да се проследи во соодветните тела на Собранието“, се наведува во заклучоците од состанокот.
.jpg)
-„Дијалогот во Македонија станува нормалност и политичко секојдневние. Низ дискусија градиме доверба за да осигураме дека ќе продолжиме уште посилно по реформскиот пат, сите заедно, и власта и опозицијата.Вечерва со претставниците на сите парламентарни партии, со Собранието на Република Македонија и со нашите пријатели од Европскиот парламент ги заокружуваме политичките сесии од дводневниот настан “Жан Моне дијалог”, истакна премиерот Заев.
