Автомобил и камион се судрија кај Мислешево.
На 01.02.2021 година во 09,20 часот, на крстосница на магистрален и локален пат, во близина на струшкото село Мислешево, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Хундаи“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Н.(59) од Струга и товарно возило со струшки регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од струшкото село Драслајца. Притоа, возачот на патничкиот автомобил А.Н.се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Увид на местото на сообраќајната незгода извршија полициски екипи.
