Киднапирање во Струга

30 годишен стружнец бил киднапиран од четири лица.

На 19.09.2019 во 16.50 часот во Полициската станица Струга, М.З.(30) од с.Лабуништа, струшко, пријавил дека околу 12.30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга, со употреба на сила, Д.Н. од Охрид и уште три лица го внеле во патничко возило и го однеле на имотот на И.К. во Охрид, каде И.К. и Д.Н. физички го нападнале. Според пријавеното, причина за нападот биле претходни меѓусебни недоразбирања. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани