Претставата „Чекајќи го министерот“ е одложена, ќе чекаме нов термин.
Центарот за култура „Григор Прличев“, информира дека се одложува изведбата на театарската претстава „Чекајќи го министерот“ и напоменуваат дека купените карти за претставата ќе важат за новиот термин за одржување кој можно е да биде во март.
Центарот, на овој чекор се одлучи согласно препораките на Владата и Министерството за здравство за ограничување на масовни јавни собири на отворен и во затворен простор како дел од мерките за запирање на ширење на коронавирусот. Хит преставата „Чекајќи го министерот” со Лидија Вукичевиќ, требаше да се изведе вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Во претставата игра мега популарната актерка Лидија Вуќичевиќ која публиката ја препознава од култната серија,, Бољи живот”, ,,Жикина династија и уште многу големи тв, филмски и театарски проекти.Покрај неа во претставата играат младите и популарни актери: Семир Гигиќ и Сашо Ристовски.
