Промоција на проектот насловен „Брендирање на туристичките водичи на градот Охрид“ кој беше спроведен од страна на Здружението на туристички водичи и придружници Кеј – Охрид, а под покровителство на општина Охрид.
Како резултат на овој проект финансиран од страна на општина Охрид се изработија брендирани маици и чадори со обележјата на општина Охрид, ЗТВП Кеј- Охрид и УНЕСКО и истите се наменети за охридските туристички водичи. Време: Настанот ќе се одржи на ден 14.11.2018, среда во 12 часот. Место: Инфо центарот „Едрилица“ лоциран во непосредна близина на влезот од поштата.
