Утре, среда во 16 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата стихозбирка од Кристина Т, Рудеска „Трагач низ времето“.
Промотор ќе биде Љупчо Милковски а стихови ќе чита Лидија Трајкоска.
Кристина Т. Рудеска е родена 1983 година во Брчко, Босна и Херцеговина. Креативноста како нејзина карактеристика ја изразува преку изработка на накит, кусо време се занимавала и со вајарство. Нејзино најново пристаниште во кое се чувствува убаво е светот на поезијата и како што вели самата преку првата збирка песни која содржи близу 50 песни таа остварува уште една своја цел.
