Ќе се подобруваат условите во охридските градинки

Градоначалникот Константин Георгиески, пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија, Жаклина Лазаревска, Претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелеска и членот на Советот на Општина Охрид, Ристо Николески, денес беа во заедничка посета на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”.

Во рамки на посетата беше одржан работен состанок со управата на градинката на кој се разговараше за Мерките за подобрување на условите за работа и кариерен развој на вработените во градинките, во согласност со измените на Законот за детска заштита. Советот на Општина Охрид на дваесет и деветата вонредна седница која се одржа на 5-ти јули 2019 година, ги усвои Предлог одлуките во согласност со сите предвидени законски регулативи, во делот на зголемување на платите за вработените во детските градинки.

Врз основа на ова, Општина Охрид е една од првите општини во државата, во кои почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16% што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен. Во септември годинава, вработените во детската заштита ќе добијат и уште едно зголемување на платите од 5%. Во согласност со новите законски мерки, за прв пат се воведува и кариерен развој на воспитувачите, но и систем на плати за директорите на градинките, чија висина ќе варира од капацитетот на бројот на децата. Исто така во рамки на работниот состанок, беше разговарано и за подобрување на условите во објектите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”, како и за заложбите на Министерството за труд и социјална политика во соработка со

Локалните самоуправи да го зголеми опфатот на деца од предучилишна возраст со зголемување на капацитетите на градинките.

Social profiles