Тепачите на полицајци добија кривична, зошто нема притвор?

Струшките насилници што тепаа полицајци не добија притвор.

Струшката јавност е згрозена што струшките тапачи на полицајци не добија притвор. Стружани се се погласни дека не треба компромис со сите кои нападнале полицајци и ги тепале кинејќи им ги униформите. Револтирано додаваат дека тепачката завчера ва е еден од низата тепачки во Струга, велат дека безбедноста е лоша а дивеат поединци што некој ги штити. Во врска со инцидентот во кој полицајци беа тепани, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски соопштува дека е поднесена кривична пријава против три лица.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К.(38), Д.К.(35, двајцата од струшкото село Џепин како и против Л.Б.(29) од Струга. Пријавата против А.К е дополнета и за сторено казнено дело „напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста“.
Тие, казнените дела ги сториле на 29.07.2019 година околу 17 часот на ул.„Ристо Крле“ во Струга, кога физички нападнале полициски службеници кои констатирале сторен сообраќаен прекршок и преземале соодветни законски мерки,изјави портпаролот Димоски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани