Од јули годинава цените на услугите во роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ ќе се намалат за 27 отсто, а од истиот месец 2021 година ќе бидат целосно укинати.
Граѓаните ќе сурфаат додека патуваат низ земјите на Балканот како да се дома.
Договорот што ресорните министри го потпишаа на Вториот дигитален самит за Западен Балкан е предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.
Идната недела посебно регулаторно тело треба да одржи состанок за да ги утврди намалените цени од јули годинава, прво на интернетот, а потоа на разговорите и постепено да ги намалува цените се до потполното укинување во 2021 година. Регулаторите и телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.
Според еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, потпишувањето на договорот за бесплатен роаминг во Западен Балкан е значаeн поттик за регионалната соработка.
