Ќе се урбанизираат охридските села

Ќе се урбанизираат охридските села. 

 

Ќе се прават урбанистички планови  за руралните средини во Охрид.

После неколку месечен мораториум за урбанистички планови, кој ќе се случи во вакум периодот од донесувањето на Законот за  заштита до донесувањето на  Планот  за управување со културното и природното наследство , ќе започне урбанизацијата на охридските села.

За овој проект веќе се издвоени средства од Агенцијата за поддршка на земјоделието.

 „Сега може да најавам веќе дека деновиве ќе потпишиме договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој и веќе отпочнуваме со изработка на урбанистичко планска документација  за сте рурални места а општина Охрид. Што знали дека ние конечно ќе донесеме урбанистичко планска документација од Свети Наум , Љубаништа, Трпејца Пештани,  се до Свињишта, Плаќе. Тоа е решавање на едниот проблем после се псоветуваме на урбанистичко планска документација  за Охрид“, најави Антонио Гаврилоски од локалната самоуправа во емисијата „Прашалник“ на ТВМ телевизија. 

Мораториумот за градба не ги дава очекуваните резулатити сметаат експертите. Според нив за добар развој на градот потребни се квалитетни урбанистички решенија, кои ќе се случат после овие постапки на локалната самоуправа.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани