Конечно ќе се реши и долгогодишниот проблем на жителите на Стар град со катастарот.
Поради грешките во авионското снимање ќе се прави нов катастарски премер.
– „Владата со заклучокот на последната седница ја задолжи Агенцијата за катастар да изврши реален премер на старото градско јадро во Охрид. И баш во таа заштитена зона за прв пат ние ќе добиеме реални подлоги врз оснона на кои ќе можеме да изработиме урбанистички планови. Тоа е проблем на цела територија но таму е поспецифично заради збиеноста на куќите , во старото градско јадро буквално испаѓа дека едната куќа е кај комшијата. Тоа е многу позитивен исчекор на владата , тоа е многу сериозна работа бидејки врз основа на тие подлоги не само што ќе носиме урбанистички планови туку ќе носиме и планови за заштита“, најави Антонио Гаврилоски од локалната самоурава гостувајќи во емисијата „Прашалник“ на ТВМ телевизија, .