Климатските промени предизвикуваат покачување на температурите, а последиците ќе бидат најголеми во градовите.
Како што пишува inovativnost.mk, истражувачи велат дека ефектот на урбани острови на жештина, односно повисоките температурите во урбаните средини поради човечките активности комбинирани со климатските промени може да ги зголема температурите за околу 8 степени Цезлиусови до крајот на 21 век.
Тројца истражувачи од Националниот автономен универзитет во Мексико и Институтот за еколошки истражувања предвидуваат дека поради климатските промени температурите ќе се зголемат за околу 5 степени, а дополнително покачување за 2-3 степени ќе предизвикаат асфалтот и бетонот. Овие температури ќе имаат навистина негативно влијание врз здравјето на луѓето и врз природните ресурси. Ова ќе се одрази и на бруто домашниот производ – градовите ќе изгубат околу 11% од БДП.
Градовите во целиот свет се подготвуваат за климатските промени, но најчесто не го земаат предвид ефектот на урбани острови на топлина. Проценката на шпанските истражувачи е направена според најлошите можни сценарија, вклучувајќи ја и покачената емисија на јаглерод диоксид.