Годинава Македонија ќе биде домаќини на УЕФА Супер купот 2017 а Реал Мадрид – Манчестер јунајтед ќе биде големата фудбалска пресметка на која на 8. август од 20:45 часот ќе се одигра на националната арена „Филип втори“ во Скопје.
Реал доаѓа предводен од Зинеден Зидан и Кристијано Роналдо а на чело на противничката екипа е едно од најголемите тренерски имиња на денешницата – Жозе Мурињо!
Ова ќе биде неверојатно атрактивна пресметка помеѓу можеби најпопуларните фудбалски клубови во светот-победникот во Лигата на шампиони, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, како освојувач на Лигата на Европа.УЕФА Супер купот во Скопје ќе биде тренерски дуел помеѓу Зинедин Зидан и Жозе Мурињо но и пресметка меѓу Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Серхио Рамос, Герет Бејл, Лука Модриќ од една страна и Давид де Геа, Андер Ерера, Хуан Мата, Вејн Руни, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијај, Хенрик Миктаријан, од другата страна.
Победникот добива парична награда од три милиони евра, додека поразениот ќе заработи 2,2 милиони евра. Спортската јавност е во исчекување УЕФА да го одреди датумот за продажба и цените на билетите за овој спектакуларен натпревар во Скопје.