Книга за светите браќа Кирил и Методиј

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

 

Во книгата на 298 страници се поместени осврти, научни текстови, есеи, поетски творби и други објави, низ кои се претставуваат животот, делата и мисијата на светите браќа, како и нивната непроценлива историска, духовна и културна вредност.

Промоцијата на изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ ќе се одржи во рамки на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители, во понеделник на 23-ти мај 2022 година во големата сала на општина Охрид со почеток во 11 часот. Промотор на книгата ќе биде д-р Бобан Карапејовски.

 

Social profiles