Во првиот квартал раст на буџетот на општина Охрид

Советниците на единаесеттата седница на Советот на Општина Охрид, го усвоија извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за период од 01.01 до 31.03.2022 година.

 

Споредбено со првиот квартал од 2021 година остварувањето на буџетските приходи оваа година бележат раст од 6,53 проценти, односно вкупно остварувањето во првиот квартал од 2022 година изнесува 18,95 проценти од вкупниот буџет. Во растот учествуваат речиси сите даночни приходи и споредбено со изминатата година сите бележат раст.

Остварувањето, висината, како и динамиката на вкупните приходи е значајно од аспект на создавање на можности за реализација на утврдените програми за работа имплементирани во буџетот на општината како и задоволување на потребите на граѓаните за решавање на нивните инфраструктурни, комунални, културни и други потреби.

Расходите во голема зависат од структурата и висината на планираните и остварени приходи и се во тесна врска со истите. Во однос на расходите најголем процент заземаат ставките од реализирањето на проекти од комуналната сфера. Расходните програми за наредниот период се очекува, како процентуално така и структурно, да се во нагорна линија согласно започнатите проекти кои се во фаза на реализација и за кои во следниот период ќе бидат доставени ситуации кои ќе влијаат на вкупниот степен на реализација на програмите.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани