Комуналните претрпријатија од државава на годишно собрание во Охрид

Претставници на комуналните претпријатија од државата, на локалните самоуправи, ресорните министерства, Регулаторната комисија за енергетика и на донаторската заедница учествуваат во работата на Годишното собрание на Здружението на даватели на комунални услуги на Македонија (АДКОМ) што денеска се одржува во Охрид.


Собранието претставува добра можност за размена и споделување искуства, воспоставување партнерства меѓу менаџментот и вработените во јавните комунални претпријатија, но и дискусија на повеќе теми од областа.
Оваа година покрај резентирањето и усвојувањето на Годишниот извештај за работењето на АДКОМ за 2017 година, годишната програма за тековната 2018и ревидираните стратешки документи, предвидени се и панел сесии на актуелни теми и предизвици со кои се соочуваат комуналните претпријатија.
Главни теми на дискусии се актуелните состојби на ЈКП во секторот води – регулаторни тарифи и во секторот отпад – прашањето околу интегрираното регионално управување со отпад, како и проблеми со примената на Законот за административни службеници во ЈКП.
По однос актуелното прашање за изградба на регионални депонии претседателот на АДКОМ и директор на ЈП „Комуналец“ од Струмица Зоран Георгиев истакна дека тоа е неопходност, како од аспект на решавање на проблемот со отпад, така и во насока на зачувување на животната средина.
– Проблемот со управувањето со отпадот во Македонија мора да се реши преку регионалните депонии, што е зацртано со Генералниот план на РМ, за изградба на депонија во секој од осумте плански региони, истакна тој.
Ја нагласи потребата од активности во насока на подобро запознавање на јавноста околу начинот на кој се третира отпадот во соодветни современи депонии.
– Станува збор за современи одлагалишта на отпад, тоа се капацитети што воопшто не наликуваат на сегашните диви депонии. Отпадот целосно се преработува, се селектира, се одвојуваат материјалите што може да се рециклираат, целосна преработка на органскиот отпад во тресет и хумус, а само оној мал ден она што останува се одлага во специјални келии, појасни тој притоа посочувајќи дека изградбата на таков капацитет за регионите во Македонија би чинела некаде околу 50 милиони евра, зависно количеството отпад што треба да се преработи.
Согласно Законот за управување со отпад ингеренциите за управување со комуналниот отпад беа дадени на општините кои сами требаа да менаџираат со третманот на отпадот. Но голем дел од градоначалниците и локалните власти не успеаја да воспостават ефикасен систем за за управување со отпадот, така што ингеренциите за тоа прашање ги презема ресорното Министерство за животна средина односно централната власт.
– Согласно проектите што ги спроведе Министерството, определени се локациите каде би се граделе депониите во секој од планските региони. Тоа е резултат на спроведените истражувања и изработените студии на кои мора да се верува, дека станува збор за најдобрите и најоптималните решенија, истакна Беса Татеши, портпарол на Министерството за животна средина и просторно планирање. Татеши исто така согласна за потребата од поголемо запознавање на населението за минималниот импакт на современите интегрирани системи за преработка на отпад врз околната средина.
Инаку, покрај Дрисла во Скопје, досега преку ИПА фондовите на ЕУ се обезбедени средства за изградба на две депонии, што ќе функционираат во рамки на општинските јавни комунални претпријатија. Останатите региони ќе мора да решат дали за финансирање на депониите ќе чекаат на евентуални средства од третиот пакет на ИПА, финансирање преку моделот на јавно-приватно партнерство односно барање заинтересиран инвеститор што би вложил во таков капацитет, или во крајна линија регионот сам да ја финансира изградбата на регионална депонија.

Извор МИА А.Б. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани