Константин Георгиески избран за в. д. градоначалник

Доктор Константин Георгиески  избран за в. д. градоначалник на општина Охрид.

 Константин Георгиевски е роден 1977 година и е познат лекар специјлист –интернист, сопственик на приватната ординација „Дарон“ во Охрид. Тој беше човек близок до ненадејно починатиот градоначаник проф. д-р Јован Стојаноски, како советник, токму од него  беше назначен да биде заменик градоначалник. 

Со солзи во очи рече : 

 -„Не сум воопшто среќен што на ваков начин сум избран за в. д градоначалник. Повкувам заедно да продолжиме по патот што ни го трасира градоначалникот Стојаноски. Да ги оствариме проектите кои ги започна нашиот градоначалник.

Првата активност ќе биде носењето на буџетот за 2019 година. 

-„ До 31 декември ние сме должни да го донесеме буџетот на општина Охрид. Седницата за буџетот е закажана за во петок. Со тоа ќе го обезбедиме нормалното функционирање на општина Охрид. После тоа во анредната година се до распишување на изборите кои според првичните идции ќе бидат заедно со претседателските  што следуваат јас како в.д. градоначалник ќе ги имам сите овластувања во однос на работењето на општината. Нема да има застој во ниту еден отпочнат проект. Јас и тимот на градоначалникот ќе се вложиме максимално во продолжување на сите проекти и во остварување на нашите планови за Охрид“, додаде Георгиески. 

На 2 февруари претседателот на Собранието се очекува да ги распише претседателските избори и изборите за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново село. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани