НЛБ банка експозитура Охрид донираше Новогодишна елка и лапмиони за детското одделение во Охрид.
Охридската експозитура со овој гест потврди дека е посветена и општествено одговорна компанија.
-Со овој подарок сакаме да бидеме причина за безброј насмевки и радост кај најмладите, кои за време на Новогодишните празници ќе престојуваат на лекување во детското одделение при Општата болница Охрид, велат од НЛБ банка – Охрид.



