Кривична за бугарки што краделе низ Охрид

Две бугарки од Пловдив, летово „печалеле“ крадејќи низ бутици во Охрид. Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Р.С.(20) и П.Г.Г(27) двете од Пловдив, република Бугарија.

 

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека пријавените, казнените дела ги сториле на 16 и 17 август оваа година, кога во ТЦ,,Ваикики” во Охрид, на дрзок начин одзеле 2 паричници од две лица македонски државјанки во кои имало пари и лични документи. Притоа, искористувајќи ги документите сопственост на Р.Г. од Охрид, пријавените од банкарската сметка во Тутунска банка Охрид сопственост на Р.Г. повлекле 24.000 денари. На 17 август, пријавените на идентичен начин извршиле тешка кражба во бутик ,,Look” лоциран на улицата.,,Св.Климент Охридски” кога на дрзок начин одзеле паричникот од Л.С. жителка на Охрид.

-Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 46.600,оо денари, соопшти портпаролот Димоски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани