Двајца раководители во здружението несовесно работеле.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(82) и С.В.(63), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело,,несовесно работење во службата“. Вoпериодот од 2016 до 2018 година, првопријавениот, во својство на претседател на Извршен одбор на Здружение на пензионери на опшина Охрид и Дебарца, а второпријавениот во својство на секретар на истото здружение, неосновано си определиле за себе паричен надоместок по основ на присуство на седници на одборите на наведеното здружение. Во истиот период, пријавените без прибирање на понуди или распишување на оглас за набавка на услуги за превоз на членовите на здруженитео, склучиле 78 договори за превоз на патници со компанија од Охрид, со што овозможиле наведеното правно лице да се стекне со противправна корист.