Од Охрид ќе се лета до Меминген и Дортмунд

Нови летови ќе има и од скопскиот аеродром.

На пригодна свеченост што ТАВ Македонија ќе ја одржи на 31 јули-во среда напладне на аеродромот „Скопје“, ќе се промовираат 4 нови дестинации од македонските аеродроми со ниско буџетната авиокомпанија „Визер“, како и поставувањето петти воздухоплов во базата во Скопје.Се работи за летовите до Турку (Финска) и Ларнака (Кипар) од Скопскиот аеродром, како и Меминген и Дортмунд во Германија, од Охридскиот аеродром.
На свеченоста, ќе се обратат министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Паулина Госк, одговорна за корпоративни комуникациии во „Визер“.

Social profiles