Кривична за внесени лажни податоци во градежен дневник

Кривичната е против управител на градежна фирма.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј. (47) од Струга -управител во ДООЕЛ ,,Грандо Бур”, за сторено кривично дело ,,фалсификување или уништување деловни книги“. Пријавениот во својство на управител на градежната фирма ДООЕЛ ,,Грандо Бур” Струга, при изградба на станбен објект со деловен простор во село Лескоец, каде согласно договорот за градба од 08.01.2015 година како инвеститор се јавува М.П. од Охрид, во градежниот дневник внел невистинити податоци, дека го водел секојдневно при изведување на градбата и ги регистрирал сите појави и активности поврзани со градбата и како таква ја заверил со потпис и печат од фирмата до февруари 2016 година. Кога инвеститорот поднел тужба поради непочитување на рокот при вештачење од архитект и вештак потврдено е дека градежниот дневник не е воден според прописите. Постапувајќи по тужба, во Основен суд Охрид заведен е предмет каде пријавениот во судска постапка со цел да избегне плаќање на штета од околу 700.000 денари како доказ го употребил градежниот дневник, дека е секојдневно воден и заверен вклучувајќи го и надзорниот орган ДППИТ Модулор Трендафил ДООЕЛ Струга, кој во судскиот предмет потврдува дека не е потпишан од надзорниот орган.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани