Кумановци продавале хероин во Охрид

Кумановците изнајмиле стан и оттука продавале хероин.

Двајца кумановци, заработија кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. СВР Охрид, кривичната пријава ја поднесоа против С.Н.(33) и А.М. (41), двајцата од Куманово.
При претрес извршен во стан на булевар „Туристичка“, изнајмен од сега пријавените, пронајдени се повеќе опаковки со опојна дрога хероин, подготвени за натамошна продажба на наркозависници, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани