Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, од 10.06.2019 до 18.06.2019 година, заедно со десетмина средношколци, студенти и младински работници, учествува на меѓународна младинска размена во Нови Бечеј, Србија, во рамките на проектот “Sences of Europe – чувствата на Европа”.
Проектот го реализира здружението на граѓани “Едуфонс – центар за целоживотно образование” од погоре споменатиот град, а е кофинансиран преку еразмус плус програмата. “Инклузија” е единствен партнер во овие проектни активности, од Република Северна Македонија.
-„Целта на овој проект цел меѓусебно запознавање на младите луѓе, со културите на двете земји, преку реализација на разни работилници, излети и меѓународни вечери. Проектот е замислен за активирање на младите, за тие да ги активираат сите пет сетила и да го почувствуваат Нови Бечеј, односно Македонија, како и учесниците од Србија да ја “почувстуваат” нашата земја, преку приказните на македонските учесници.
На тој начин, претставниците од двете земји ќе имаат можност и да се посветат на дополнително развивање на нивните тимски и лидерски способности, да идентификуваат нови можности за средношколски и студентски размени, да работат на унапредување на нивните општествени и социјални ангажмани, да ја зголемат културната свест за спротивните религии, традиции и култури, како и да ги зголемат нивните дигитални компетенции“, информираат од Инклузија.