Стружанецот заработи кривична пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.И.(37) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом во Струга, извршен на 13.02.2020 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 10 куршуми различен калибар и 16 ловни патрони, кои нелегално ги поседувал.
