ЛДП бара дислокација на споменикот на Прличев

ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид бара поведување на иницијатива за дислокација на спомен-обележјето на Григор Прличев. 

Партијата  му предлага на Советот на Општина Охрид, да донесе решение за истата. Несомнено е дека спомен-обележјето на Григор Прличев -истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век, треба да има адекватно место.

-„Сведоци сме дека на моменталната локација на која се наога спомен- обележјето (пред Градската библиотека), поставени се контејнери во негова непосредна близина со што, не само што се нагрдува сликата за споменикот туку во најмала рака тоа е недопустливои , деградирачко и неодговорен однос кон ликот и делото на Прличев. ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид предлага Спомен-обележјето на Григор Прличев да биде дислоцирано пред Националната установа- Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид со што ке се врати засужениот пиедестал кој го заслужува нашиот сограѓанин Прличев“, стои во соопштението на ЛДП.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани