Левица: Жителите на Лескоец „пливаат“ во кал

Додека Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, постојано се расфрлаат со фалби за асфалтирање на улиците во Охрид , охридските села остануваат заборавени од нив, критикуваат од Левица Охрид.

Ова подолу се фотографии од улица во селото Лескоец, едно од најголемите охридски села, неасфалтирана и целата во кал. Изгледа како надлежните да заборавиле дека и луѓето во охридските села заслужуваат живот во 21 век. Или, можеби се чекаат локалните избори и предизборната кампања, за Локалната и Градоначалникот, популистички и лицемерно, како и секогаш, да нафрлаат по некој слој асфалт, кој одвај ќе издржи до следните избори. А, дотогаш , на жителите од Лескоец и другите охридски села, не им преостанува ништо друго, освен да пливаат во кал.
Дојде ,,живот” во охридските села!,  стои во соопштението до јавноста од локалниот огранок на Левица Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани