Лоша режија за филмско киднапирање

Не помина филмот на 33 годишник од Рача дека бил киднапиран. Полицијата му ја расипа приказната а филмот ќе има поинаков крај.

Б.П. од Рача, лошо ја изрежирал приказната дека бил киднапиран од непознати. Синоќа во 22.10 часот, СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајде Б.П.(33) од охидската населба Рача.
Тој, на 16.04.2020 година во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица кои, му барале пари за негово ослободување. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување кривично дело, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани