По согласноста од Грција, Македонија очекува датум од ЕУ и покана од НАТО.
До Советот на ЕУ за општи работи, кој денеска и утре во Луксембург ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Македонија и на Албанија, треба да биде доставено писмото од Грција дека нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија што е исполнување на нејзинот дел од обврските од Договорот за решавање на спорот за името.Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во петокот на конференција во Родос пред новинарите најави дека денеска наутро писмата со иста содржина Грција треба да ги достави до ЕУ и НАТО.
